„Да се вратат парите земени за свидетелства“ – утре ќе се објави извештај од инспекцијата во училиштата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири средни училишта им побарале пари на учениците пред  подготовката на свидетелствата, велат од Сојузот на средношколци, и наспроти фактот што свидетелствата се бесплатни и нив треба да ги изработат бесплатно класните раководители. Од Сојузот на средношколци бараат од Образовниот инспекторат итно да го објави извештајот од спроведената инспекција во овие училишта.

Од Државниот инспекторат за образование не сакаа да откријат детали за тоа што е констатирано од инспекцијата во училиштата, но само накратко информираат дека извештајот ќе се објави утре.

„При крај сме. Очекуваме утре да ги објавиме извештаите“, велат од ДИО.

Иако има случаи каде е плаќано за свидетелства. Од Бирото за развој на образованието информираат дека пандемијата со корона вирусот ги предизвикала овие проблеми во набавката на свидетелствата, затоа учениците треба да почекаат до крајот на годината за да ги земат.

Пред неколку дена, по реакцијата на Сојузот на средношколци. МОН потврди дека имало изолирани случаи во неколку училишта каде се плаќало за свидетелствата, а додаваат дека училиштата не смеат да земаат пари од родителите и учениците за издавање на свидетелствата. Потсетуваат дека тоа е спротивно на Уставот и законите.