Дачиќ: Спасувачката акција е завршена, 14 загинати и тројца повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека спасувачката акција во Нови Сад е завршена и дека конечниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени.

„Спасувачката операција во Нови Сад заврши. Дефинитивниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени“, изјави министерот Дачиќ, а информираат од МВР.

Четиринаесет лица загинаа денеска во несреќа предизвикана од уривање на настрешницата на старата зграда на Железничката станица во Нови Сад.

Владата на Србија поради оваа трагедија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост.