Дали ако ВМРО-ДПМНЕ не успее да формира Влада, ќе се повлече раководството на партијата? Одговара Мисајловски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дали ако ВМРО-ДПМНЕ не успее да формира Влада, ќе се повлече раководството на партијата?

На ова прашање во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 одговори носителот на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски.

„Ова е хипотетичко прашање но јас директно ќе ви одговорам. Тоа нема да се случи, нема да се случи ВМРО-ДПМНЕ, со сигурност ќе ја предводи, а премиер ќе биде Христијан Мицкоски“, вели Мисајловски.

Во однос на претседателските избори, Мисајловски смета дека нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова ќе води со околу 100 гласа плус.