Дали „Борис Кидрич“ во Тетово се гради без соодветна дозвола? Реџепи убеден дека е така, Касами негира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Несогласувања и околу проектот за изградба на булеварот „Борис Кидрич“ во Тетово, јавува ТВ21.

Кандидатот на АКИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи, изјави дека врз основа на документите добиени согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, утврдиле дека за „Борис Кидрич“ постои дозвола за реконструкција, а не дозвола за градба.

„Да, имаме факти и поднесовме барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Тетово, и тие сами одговорија дека овој булевар се гради со дозвола за реконструкција. Во правната терминологија постојат поими дозвола за реконструкција и дозвола за градба, а дозволата за градба се издава врз основа на основен проект. Таму ниту има основен проект, тоа е една импровизација која за Тетово е срамота да се дозволи да се гради“, изјави Реџепи.

Касами ги негираше обвинувањата од Реџепи.

„Доколку постоеше и најмала грешка во постапката, Биљал Касами денес ќе беше пред вратите на Обвинителството, а не во телевизиско студио“, изјави Касами.