Дали чајот и кафето може да се вбројат во дневниот внес на вода?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Одржувањето на хидратацијата е клучно за целокупното здравје и обичната вода е најдобриот начин да се направи тоа.

Дневно се препорачува внесување на околу два литра вода. Меѓутоа, дали досега сте се запрашале: Доколку кафето и чајот се подготвуваат со вода, дали може да се вбројат во дневниот внес на вода?

„Поради кофеинот, кафето е исто така природен диуретик и стимуланс на мочниот меур. Чајот има сличен ефект“, вели д-р Ванита Сима-Чанг, уролог.

Иако ова е вистина, диуретичните ефекти се благи, а истражувањата покажуваат дека кафето и чајот, и покрај вообичаените заблуди, всушност не дехидрираат кога се консумираат умерено.

Може ли чаша кафе да се смета како чаша вода?

Иако една чаша кафе не е хидрантна како чаша вода, сепак може да смета во вашиот дневен внес на течности.

„Бидејќи делува како диуретик, јас би го сметал кафето отприлика половина од течноста што е. На пример, една чаша кафе се смета за половина чаша вода “, објаснува д-р Кетрин Валдроп за „Mind Body Green“.

Сепак, консумирањето повеќе чаши кафе без консумирање вода може да заврши со дехидрираност.

„Една чаша кафе нема да ве дехидрира, но пиење на повеќе од нив без внес на вода ќе го направат тоа“, потврди д-р Бинди Ганди.

Сувите, испукани усни можат да бидат знак дека сте „претерале“, претходно објасни гастроентерологот Вил Булсиевиќ.

Другите знаци на дехидратација вклучуваат темно жолта урина и недоволна потреба за мокрење.

А што е со чајот?

Повеќето чаеви содржат кофеин, но значително помалку од кафето. Затоа, д-р Валдроп смета дека повеќето чаеви со кофеин се три четвртини од количината на вода.

Билните чаеви, сепак, не содржат кофеин и според нејзините мерила тие би биле еднакви на полна чаша вода.

Иако овие бројки не се засноваат на наука, д-р Валдроп вели дека тие можат да се користат како општи упатства за да се утврди дека внесот на течности е доволен.

Различни видови кафе и чај поинаку ќе влијаат на нивото на хидратација. На пример, црното кафе или чајот ќе бидат помалку хидрантни од белото кафе или чаша чај со млеко, вели докторката.

Можеби се чини дека млекото не е добар извор на хидратација, но некои студии покажуваат дека поттикнува рехидратација по вежбање, дури и поуспешно од некои спортски пијалоци. Обидете се да ги пиете овие незасладени млечни пијалоци, бидејќи слатките пијалоци можат да доведат до дехидрација побрзо од незасладените пијалоци.

Генерално, кафето и чајот не мора да се спротивставуваат на хидратацијата како што многумина некогаш верувале дека би можеле, вели д-р Валдроп. Вашето тело ќе ја апсорбира течноста што ја консумирате преку чај и кафе и на тој начин ќе придонесе за хидратација.