Дали ДУИ оди во опозиција? Ахмети: Државните, пред партиските интереси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По последните политички случувања, Интегративците се состанаа во Тетово. Генералниот совет на ДУИ го овластил лидерот Али Ахмети да почне да преговара со сите политички партии за зачувување на евроатлантскиот курс.

„Најпрво се дискутираше конструктивно за државните интереси, за тоа кои се интересите на државата и граѓаните. Тоа се беше потврдено едногласно од сите членови на генералниот совет е дека евроатлантскиот курс на РСМ е без алтернатива и земјата има потреба од стабилност и постојаност на тој курс, за спроведување на реформите кои го забрзуваат патот кон таа цел. Членството во ЕУ, но и заокружување на историските проекти кои почнаа и се дел од нашата политичка агенда.“, рече Османи.

Според Османи сите опции се можни, да се биде дел од опозицијата, но и земјава да оди на предвремени избори.

-Сите опции се можни, освен комбинации кои се во стратешка комбинација со интересите на граѓаните, земјата и нашите партнери и ние ќе ја гарантираме евроатлантската иднина на земјава и лидерот Али Ахмети останува на тоа дека по консултациите ќе ја донесе потребната одлука-изјави Османи.

Пред почетокот на состанокот на генералниот совет, Али Ахмети рече дека сега за сега не се загрижени дека ќе отидат во опозиција , туку дека нивна грижа се државните интереси како што е членството во ЕУ и решавањето на прашањето со Бугарија.

„Целата анализа се однесува на тоа да ги поставиме како приоритет државните интереси, важните процеси во земјава, како што е добивањето датум во ЕУ, решавање на споровите, функционирање на државата во рамки на нормалното и воопшто не сме загрижени сега за состојбата во врска со опозиција или власт.“, вели Ахмети.

За Ахмети, вестите дека пратеници на ДУИ ќе преминат во опозицијата се лажни.

-Нема ништо точно во тој правец, сите вести се лажни шпекулации , така што ДУИ се уште е единствена-изјави Ахмети.

По губењето на Град Скопје од страна на СДСМ, премиерот Зоран Заев поднесе оставка која се уште не е доставена во Собранието, а од друга страна опозициските партии со поддршка и од Движење Беса собраа 61 потпис за рушење на Владата.