Дали е до политиката или до свеста на граѓаните? Македонија лидер во регионот по потрошувачката на цигари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државата лидер во регионот и во Европа по бројот на пушачи. Во светот сме меѓу 10-те најлоши каде најмногу се пуши. Имаме најниски цени на цигарите споредбено со земјите од регионот и Европа, а најниско ни е и даночното оптоварување. Ова од друга страна, прави цигарите да бидат достапни за секого. Во последното истражување на Аналитика, спаѓаме во “Земја на тешки пушачи”. Што влијае за ваквата состојба ? Дали е во прашање политиката или свеста на граѓаните? Од Аналитика немаат прецизни информации.

„Мора и ценовните, да, значи и политиките треба да се променат значително, но тоа е и до свеста на граѓаните…Тука е и политика, меѓутоа и самите пушачи дури и непушачите се солидаризираат и се против зголемување на цената.“, вели аналитичарот Тамара Миовиќ-Спасова.

Решението треба да се бара во поскапувањето на цигарите ,односно зголемувањето на акцизата посочуваат од Аналитика. Инаку просечната цена на кутија цигари во државата е 1,7 евра. Во регионот цената е околу 2,1 евро а пак на европско ниво е 4,9 евра. Ова, напоменуваат од Аналитика го потврдува фактот, дека сме држава со најниски цени на цигари во регионот. Просечен пушач кај нас троши 27 евра за цигари месечно, што е само шест отсто од просечната плата. Експертите со анализа и на актуелната ситуација со откупот на тутунот.

„РСМ има највисока субвенција за тутун споредено со сите европски земји…Тутунарите ќе бидат во следната декада на удар. Не сме против тутунарите, но тие во следната декада ќе бидат на удар. Отворањето на глобалниот пазар ќе наметне да се намалат субвенциите и ќе бара алтернативни култури. Трошоците и трудот што го вложуваат нашите тутунари е поголем од цената што ја добиваат“, вели Борче Треноски.

Царинската управа одлично се справува со нелегалната трговија на фабрички цигари стои во новата анализа .Но според истата, загрижува тутунот за виткање чија продажба речиси 90 отсто се одвива на црно.