Дали е можно да бидат одложени локалните избори, доколку не пристигнат сите уреди за биометриска идентификација?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија денеска ги презеде од германската компанија „Дермалог“ првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, кои ќе бидат употребени на претстојните локални избори, но дали е можно да бидат одложени избори, во случај да не пристигнат сите уреди?

На ова прашање, министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека неверува оти има расположение за одложување кај било која политичка партија.

Тој додава дека е многу посоодветно да се направи една дополнителна корекција во законот за да се овозможи верификација на идентитетот на гласачите како и досега.

„Во досегашната законска рамка која што ја донесовме за фингерпринтот во април месец, остава простор таму каде што нема да може да се употреби од технички и објективни причини машините за отпечаток, да има алтернатива да се проверат граѓаните со методите како и досега“, истакна Маричиќ.

Во продолжение целата изјава: