Дали Груевски му се извинил на Џафери? – Џафери не коментира изјави дадени во емисии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За ваквата тензична состојба во Собранието, екс премиерот Никола Груевски му се извинил на собранискиот спикер Талат Џафери. А тоа го направил преку лицето кое му го донело усб-то испратено од Груевски. Барем така рече во Клик Плус лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, Џафери ќе го демантира ова, а додава дека сето ова се прави за да поминат уставните измени.

За тврдењата на Мицкоски упативме прашање до кабинетот на претседателот на Собранието но од таму ни рекоа дека претседателот на Собранието не коментира изјави кои се дадени во емисии, а додаваат дека собранискиот спикер останува на изјавата што ја даде пред неколку дена, каде ги отфрла тврдењата дека добил документи и усб од екс премиерот Груевски, кое како што се тврди ги содржело измените на КЗ.

„Нема никаква вистина во тоа дека претседателот на Собранието од екс премиерот добил некаков допис или материјал. Ова е невистина која им служи на дневни политики. Не сакам да употребам несоодветни зборови како што заслужува една таква институција, туку оставам на совеста на оние кои шпекулираат со јавноста“, вели Талат Џафери.

Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски изјавија дека Груевски им дал усб на Ахмети и Џафери со материјали за Кривичниот законик.