Дали има вработувања врз етничка основа? – Европски фронт обвинува, Таравари негира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Арбен Тараварим објави фејсбук објава, каде ја обвинува претходната власт дека ги злоупотребила граѓаните вработувајќи ги со договор на дело, за потоа да ги условува со гласови на избори. Истите, како што напишал Таравари, воопшто не се појавиле на работните места. Но веќе тоа нема да се случи и вработувањата нема да бидат според етничката основа, вели Таравари.

Токму тоа предизвика револт кај Европскиот фронт.

Како што велат Таравари сака да го образложува прекинувањето на договорите и отпуштањето од работа на стоици Албанци од здравствените институции.

„Арбен Таравари во својата објава на Фејсбук вели дека помина времето кога луѓето се разликувале по етничка основа при вработување, обидувајќи се да го оправдаат раскинувањето на договорите и заминувањето на стотици Албанци од државните институции. Оваа изјава на Таравари е во согласност со изјавите на Мицкоски, Стоилковиќ и Димитриевски, против Балансерот и против уставното начело за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите немнозински заедници во државата“, велат од Европски Фронт.

Но министерот Таравари вели дека ЕФ лошо ја толкувал неговата фејсбук објава. Неговата цел, како што вели, е вработувањата да бидат врз основа на меритократијата бидејќи, како што напишал и на фејсбук, вработувањето е нешто што се заслужува.

„Тие бараат се, секоја запирка каде се става и не се става. Ако недостасува дури и една буква во некој збор, тие веднаш комплицираат. Кажав, реченицата после тоа е дека ќе бидеме многу посреќи што повеќе Албанци да се вработуваат и јас сум горд за тоа, повеќе Албанци да бидат вклучени. Но, меритократијата е многу важна особено во професионалните институции, посебно во здравството. Не можеш да бараш гинеколог кој е Албанец, или уролог кој мора да е Македонец, не може“, вели Арбен Таравари.

Како што извести Таравари, доколу се поништени 10 договори, на конкурси се вработени 60 лица, меѓу нив и многу Албанци.