Дали ќе има избори во Тетово? Влада: Не е дискутирано по тоа прашање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се уште не се знае дали ќе има предвремени избори за совет на општината во Тетово. Неизгласувањето на завршната сметка на општина Тетово до 31 март го отвори патот за предвремени избори за Советот на општината, со кои власта сега треба да одлучи дали оваа општина ќе оди на избори. Од Владата за ТВ21 велат дека ова прашање се уште не е на дневен ред, и дека ова прашање е во владина процедура.

„Дописот од општина Тетово е доставен до Министерството за локална самоуправа, кое во натамошна постапка во законскиот рок го извести, односно го достави до Владата на Република Северна Македонија. Во оваа насока сакаме да потврдиме дека документот е во владина процедура, но досега на одржаните средби за ова прашање не е разговарано“, велат од Владата.

До кога е рокот прашавме и во општина Тетово, но досега не добивме одговор. Градоначалникот на Тетово Биљал Касами пред неколку дена рече дека неделава ја чека одлуката на Владата.

-Следната недела врз основа на законот мора да има одлука за советот. Владата во рок од еден месец од моментот на информацијата и до сега немаме информација каква е одлуката на Владата, вели Касами.

На последната седница на Советот на општината, Беса, ВМРО и Алијанса не успеаја да обезбедат мнозинство за да се стави на дневен ред завршната сметка на општина Тетово, бидејќи Независната листа за Тетово бара отчет и појаснување за сечата на дрвјата. на улицата “Страшо Пинџур“.