Туристичките работници посочуваат дека 90 отсто работат со загуба, како ќе се помогне на туризмот овој пат и дали ќе има нови ваучери?
Токму на ова прашање, одговор добивме од министерот за економија Крешник Бектеши во „10 Минути“ на ТВ21, кој вели дека предвидена е програма која ќе започне да се реализира некаде кон месец април или мај преку ваучер системот за помагање на вработените со ниски приходи, но истовремено и на категории на граѓани кои добиваат социјално
„Ваучерот ќе биде 15 илјади денари и ќе има дополнително нов механизам преку кој ќе се распределат средствата за прв пат“, објаснува Бектеши.
Министерот додава дека директно ќе бидат поддржани и хотелите кои не се во туристичките дестинации и немале можност да бидат поддржани од страна на ваучер системот.
