Дали ќе никне уште една зграда во Бутел? Жителите протестираат: Ќе ни се одземе светлото

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Бутел во улица Христијан Тодоровски Карпош денеска излегоа на протест. Разбрале дека во нивната населба ќе се изгради 30 метри висока зграда, а тие се против тоа бидејќи, како што велат, ќе им се одземе светлото во нивните куќи.

„Ве поканивме за заедно да алармираме за иницијативата на приватниот инвеститор кој планира да изгради висок ѕид од 30 метри, овде во населбата каде живееме. Ние не сме против изградбата но не да се направи висока зграда од 30 метри овде. Нека изгради, но нека биде 3 или 4 ката, не ни смета, но неговата иницијатива го нарушува редот на населбата.“, велат жителите.

Првиот човек на општина Бутел, Велимир Смилевски, за ТВ21 вели дека нема да дозволат таму да се гради 11 катен објект како што побарал инвеститорот. Според него се уште не е донесено конечно решение за дозволата за градба бидејќи, како што додаде, Министерството за транспорт и врски донело решение за објект до 7 ката, а град Скопје предлага објектот да има 5 ката.

Инаку зградата е превидена да се направи во каскадна форма рече градоначалникот на Бутел. Во меѓувреме инвеститорот кој според жителите е од Тетово, моментално ја прекинал постапката поради тоа што е одбиено барањето за 11 катен објект. Жителите најавуваат порадикални мерки, додавајќи дека нема да дозволат да се изгради објектот, каде, како што велат, дека требаше да биде зелен појас.