Дали ќе се дели гласот на Албанците во Кичево? – Груби убеден: Ќе победиме во Кичево и Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фатмир Дехари е кандидатот на ДУИ за градоначалник на Кичево, а неодамна независна кандидатури објави Фатмир Лимани. Артан Груби од ДУИ е убеден дека Дехари ќе победи на локалните избори на 17 октомври во Кичево и дека повторно Албанците ќе раководат со ова општина.

„Видовме вчера во собранието со сите претседатели на локалните совети, со членството на Кичево и со присуството на лидерот беше официјализирано кандидатурата на Фатмир Дехари како единствен победник во Кичево, не може да има друг кандидат. Реализирани се три анкети по ред во Кичево со по 1000 испитаници, разликата е незамислива, 40 спрема 1 води Фатмир Дехари во секоја анкета и нема воопшто сомнежи дека само Фатмир Дехари е и ќе биде кандидат за општина Кичево“, посочи Артан Груби.

Груби вели дека и Теута Арифи ќе победи во Тетово,  адодава дека ќе победат и во Гостивар.

„Теута Арифи е и ќе продолжи да биде градоначалничка на Тетово и по изборите на 17 октомври поради тоа што така сакаат тетовци, поради тоа што така одредија тетовци во сите направени анкети. Без сомнежи на 4 септември ДУИ во Гостивар ќе ја потврди кандидатурата за градоначалник и според нашите анкети од 18 општини, од кои ние се тркаме во 16, ќе победиме во сите без никакви сомнежи. Во втор круг можеме да влеземе за Брвеница, Студеничани и евентуално Чашка. Кај другите општини немаме никаков сомнеж“, додаде Артан Груби.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се уште нема одговор дали на локалните избори ќе излезат со нивен кандидат за Кичево или ќе го поддржат кандидатот на ДУИ.

Алијанса за Албанците размислува да излезе со нивен кандидат во Кичево, но се уште ништо не е дефинитивно.  Генералниот секретар на АА, рече дека ДУИ со 2 кандидати ги дели гласовите на Албанците во Кичево.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ објави голем број на кандидати за градоначалници, но се уште нема објавено име за Кичево.