Дали ќе се постигне ново мнозинство со 80 пратеници? – Таравари очекува сите ресори да бидат поделени до петок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во исчекување на конечните резултати што ќе излезат по прегласувањето на 22 мај во седум избирачки места, коалицијата ВРЕДИ и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги продолжуваат преговорите за формирање Влада и поделба на ресорите. Двата табора очекуваат зголемување на бројот на пратеници, ВРЕДИ од 13 на 14 пратеници доколку ја продлабочат победата на избирачкото место 2101 во Желино, а ВМРО-ДПМНЕ од 58 на 61. Како што соопшти пред два дена првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ – на Хриситјан Мицкоски се разговара со пратеници од други партии за влез во ВМРО.

Во медиумите беше кажано дека Моника Зајкова од ЛДП и двајцата пратеници Горан Мисовски и Соња Мираковска од НСДП се тројцата пратеници кои ќе заокружат 61 пратеник на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но такво нешто демантираат. И Зајкова и Мисовски рекоа дека ќе останат во опозиција и не се во преговори со ВМРО. Зајкова дури очекува дека по прегласувањето на 22 мај ќе добие уште еден пратеник во ИЕ5. Доколку коалицијата на СДСМ освои 110 гласа повеќе од изборите на 8 мај, тогаш наместо Исмаил Јахоски од Европскиот фронт, пратеник ќе стане Боби Мојсоски од ЛДП.

Од друга страна, Мицкоски цели заедно со ВЛЕН да достигне до 80 пратеници, за да го реструктуира владиниот кабинет.

Што се однесува до ресорите кој со кое министерство и урави ќе раководи, Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ изјави  дека тоа ќе се знае најдоцна до петок.

Според неофицијалните информации со кои располага ТВ21, ВРЕДИ ќе има 30 отсто од моќта во новиот владин состав, а на преговарачка маса е и функцијата Претседател на Собранието. За да се реализира целта на ВМРО-ДПМНЕ да има мнозинство од 2/3 во Собранието и по прегласувањето нема да бидат доволни нивните пратеници и оние на ВРЕДИ. Мицкоски и да успее да обезбеди 61 пратеник, а ВЛЕН 14, заедно ќе имаат 75. За да има 2/3 во Собранието ќе бидат потребни 6 пратеници на Движењето Знам, иако со оваа партија се уште нема информации дали ги почнале преговорите.