За тоа дали ќе се „пуштат“ на вистинско место „финансиските инјекции“ од петтиот сет владини мерки денеска во „10 Минути“ на ТВ21 разговаравме со економистот Горан Рафајловски.
Тој вели дека сите финансиски инвестиции или инјекции што се дадени од страна на Владата се добредојдени.
„Прашањето дали се концепциски вистински и тоа дали се доволни е за една посериозна дебата или краткиот одговор на сета оваа ситуација е „Не““, истакна Рафајловски.
Тој објасни и зошто е тоа така.
„Единствената вистинска економска, здравствена и човечка инвестиција е Владата на РСМ што побрзо да се снајде и да го извакцинира своето население, барем најмалку 50% од него до крајот на јуни/јули бидејќи тоа е единствениот излез за целосната економија – за нејзино отворање, за работење, воедно и за здравјето на граѓаните и за враќањето на довербата воопшто во системот“, порачува економистот Рафајловски.
