Дали ќе стане позната Мала Речица? – Заев и Мицкоски оставија отворени можности за коалиции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мала Речица ќе стане позната во регионот доколку ДУИ води со мандати на изборите, изјави лидерот на Интегративците, Али Ахмети.

„Ќе започнеме големи преговори. Ќе почнат големи тркалезни маси. Ќе стане Мала Речица најпозната во регионот“, истакна Али Ахмети.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во текот на кампањата велеше дека ДУИ со својаат идеја за премиер Албанец треба да замине во опозиција.

Два дена по оваа изјава, ДУИ го намали тонот. На овој емаил испратен до редакциите, Интегративците изразија “жалење за коментарите на Заев“, и посакаа на СДСМ успеси и продолжување на соработката“, и напишаа дека “се надеваат за нивна успешна соработка и по изборите на 15 јули“.

Заев синоќа кога ја прославуваше победата и беше прашан кој ќе биде неговиот партнер во влада и дали повторно ќе коалицира со ДУИ, не исклучи ниедна можност.

Подготвен да разговара со ДУИ и другите партии, е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицксоки, иако има 1 или 2 пратеника помалку од СДСМ. На прашањето за премиер Албанец, тој рече дека не работи со условувања.

За да не биде условуван со идејата а премиер Албанец, Заев во текот на кампањата изрази идеја за размена на гласови меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада, а на прашањето за оваа идеја, Мицкоски со одговор:

Што се однесува до почитувањето на начелото “победник со победник“, Мицкоски рече дека ова начело е прекршено уште во 2017, а додаде дека треба да се најде мнозинство во Собрание кое ќе има најмалку 61 пратеник за формирање влада.