Арбен Таравари при посетата на болницата во Кичево рече дека приоритет на оваа влада се две болници, онаа во Штип и Кичево. Додаде дека од март или април ќе започнат работите. Вели дека екс министерот Меџити ги активирал банкарските гаранции, а останатиот дел ќе се покрие со кредит.
„Верувам дека по нова година ќе излеземе со конкретен проект и до крајот на 2027 година верувам дека овие две болници ќе бидат во употреба. Мислев дека не функционира 27 или 28 години, но денес ме известија дека започнала 1986/7 година, се надевам дека она што не е постигнато во овие 40 години ќе стане реалност со започнување на работите веднаш по нова година“, вели Арбен Таравари.
Новата директорка Маја Цветановска Трајковска рече дека општата болница во Кичево ја затекнала во многу лоша состојба. За финансиската состојба изјави:
Новиот директор на Здравствениот дом во Кичево, Генц Селмани не сакаше да ја коментира состојбата во која ја затекнал оваа институција, бидејќи, како што рече, со тоа ќе се занимаваат надлежните органи.
„Нема да навлегувам во коментари, нека зборуваат надлежните институции кои се релевантни за тој дел“, вели Генц Селмани.
Во болницата во Кичево има недостиг од кадри, како гинеколог, педијатар и анестезиолог. За ова Таравари вети дека ќе испрати специјализанти на специјализација. На прашањето за медицински сестри кои се со договор на дело, Таравари рече дека нема да отпушти никого од работа, дури рече дека ќе се разгледа можноста да им се дадат решенија за работа.
