Дали, конечно, пронајдена вакцина?! Трамп: Ја криеја вакцината за да не победам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Белгија е едно од двете места каде што веќе се произведува вакцината на фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бајонтех“ против Ковид-19.

Покрај Антверпен, каде се наоѓа европското седиште на компанијата „Фајзер“, вакцината се произведува и во државата Мичиген во САД.
Веќе се произведени стотици илјади дози на двете локации, потврди Коен Колперт од белгиската компанија Фајзер за локалните медиуми.

Американскиот „Фајзер“ и германскиот „Бајонтех“, по прелиминарните анализи во рамките на третата фаза од испитувањето, објавија дека нивниот кандидат за вакцина против коронавирусот има „90 процентна ефикасност“, што беше утврдено „седум дена по примањето на втората доза“.

Вакцината сè уште чека „зелено светло“ од здравствените власти, а „Фајзер“ и „Бајонтех“ најавија дека планираат да испорачаат 1,3 милијарди дози во текот на 2021 година.

Европската комисија е во преговори со овие компании за договор за испорака на 300 милиони дози за земјите-членки.

За ова на твитер се огласи и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој вели дека веста за ефикасноста на вакцината против Ковид-19 е објавена по претсетелските избори, само за тој да не победи.

Агенцијата за лекови (ФДА) требаше порано да објави, не од политички причини, туку за да можат да се спасат животи, напиша Трамп на Твитер.

Од друга и кинеската лабораторија „Синовак бајотек“ денеска соопшти дека е убедена во безбедноста на својата експериментална вакцина против Ковид-19 и покрај сузпензијата на клиничкото испитување во Бразил по „сериозен инцидент“.
Компанијата наведува дека вакцината не е поврзана со инцидентот во Бразил.

Бразилската санитарна агенција (Анвиса) вчера соопшти дека одлучила да го стопира испитувањето на експерименталната вакцинана „Синовак бајотек“ против новиот коронавирус откако на 29 октомври се случил „сериозен инцидент“. Анвиса не соопшти детали за инцидентот, но навести дека такви инциденти би можеле за секундарни последици да имаат дури и смртен исход.