Поради тоа што ставила шамија, Алејна, ученичка во основното училиште „Малина Попиванова„ во Кочани, и беше скратено правот за да го следи наставниот процес. Ова го тврди нејзиниот татко Енгил Азизов, кој вели дека и Ајејна била навредена и од класната раководителка која и рекла дека шамија може да стави само во џамија.
Советничката на народниот бранител Васка Бајрамовска-Мустафа вели дека начинот на облекување е право на секој човек, како и правото на образование.
Бајрамовска изразува загриженост за дискриминацијата на жените со шамии и луѓето кои се облечени различно. Додава дека треба да се почитуваат правата на избор на сите, бидејќи сме мултиетничко и мултирелигиозно општество.
Од училиштето демантираа дека е забрането да се носи шамија, а Алејна пред неколку дена се врати на настава со интервенција на Министерството за образование. Инаку, и советникот на Народниот правобранител недостигот на училишни учебници го нарече повреда на правата на учениците.
