Дали на компаниите ќе им се остави можност да ја исплатат владината помош или ќе одговараат за тоа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За тоа дали на компаниите ќе им се остави можност да ја исплатат земената државна помош за плати на вработените или ќе одговараат за тоа разговаравме во „10 Минути“ на ТВ21 со директорката на Управата за јавни приходи.

Директорката Сања Лукаревска истакна дека на компаниите не им се остава ваква можност бидејќи тие имаат законска обврска за исплата.

Лукаревска вели дека секој работодавец има свои права и обврски.

„И во самата уредба, а сега и во законот точно е наведено во кои услови, ако не се исполнети критериумите од ова земање на државната помош ќе се спроведуваат соодветни дејствија на присилна наплата исто така ќе треба да се прави соодветно враќање“, посочи Лукаревска.