Дали навистина нема стереотипи кон жените?! Многу цвеќе за 8. Март, но само 19% се на раководни позиции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

8 Март – Денот на жените, беше причината поради која Скопските улици и Плоштадот беа преполни.

Многу жени и девојки забележавме со цвеќе и подароци.
Но дали тие се задоволни од позицијата во системот и во време кога податоци од Заводот за статистика покажуваат дека бројот на жени во раководни позиции е многу мал. Во 2021 година само 19% биле на раководни позиции.

Статистиките покажуваат дека жените се помалку активни на пазарот на трудот. 59% на жените од 20-64 години се неактивни на пазарот на трудот поради семејните обврски, за разлика од 2.3% на мажите. А што се однесува до образованието, секоја година расте бројот на жени кои се запишуваат на високото образование.

„Нивото на вработување во Северна Македонија во 2021 година беше 38,3%, односно 55,1% од жените беа економски неактивни за разлика од нивото на активни баратели на работа – мажи на пазарот на трудот, беше 56,2%, а нивото на пасивност беше 32,8%.“, стои во извештајот на Завод за статистика.

Инаку, Меѓународниот ден на жената – 8 Март се слави во спомен на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го одбележуваат овој ден во 1975 година а две години подоцна неодамна Генералното собрание на ОН земјите-членки да го прогласат 8 март за официјален празник на Светската организација посветена на правата на жените и светскиот мир.