Дали оваа Влада има мнозинство? – Опозицијата вели не! Мнозинството се стреми кон зголемување!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вистината за обидите за проширување на владата со влезот на АА, според секретарот на Алтернатива, Зекирија Ибрахими, не се 80 гласа за уставните измени и европската агенда, туку борба за кворум! Во Клик Плус тој рече дека владината коалиција има проблем да обезбеди бројка во Собрание.

„Објаснувањето е дека немаме стабилен кворум, да кажеме попрецизно, и тоа е вистината дека немаме стабилен кворум и знаеме зошто немаме, поради несогласувањата внатре во ДУИ и поради судирите на партиите од коалицијата со СДСМ и не ги осудуваме за тоа, ниту сме среќни. Само велиме да ја откриеме точно причината бидејќи кога ја знаеме причината и решенијата се полесни“, вели Зеќирија Ибрахими.

Исто како Ибрахими размислува и опозициската Движење Беса и македонската ВМРО-ДПМНЕ.

„Изгледа дека парламентарното мнозинство нема бројки, се забележува  во секојдневното функционирање на Собранието и нивната работа внатре, се забележува бидејќи бараат помош од опозициските партии за да имаат кворум во Собрание. Тоа се виде и во текот на неделата во Собрание. Не станува збор за една седница или две, туку за еден подолг период, кога во ниеден случај или пленарна седница немаа 61 пратеник“, додава Фадиљ Зендели.

За разлика од нив, власта вели дека парламентарното мнозинство е стабилно. Координаторот на парламентарната група на СДСМ, Јован Митревски вели дека мнозинството не може да се намали туку само да се зголеми.

АА која официјално се уште е во опозиција, веќе има отворена врата за влез во Влада, со што ќе се зголеми мнозинството за плус 8 пратеника, но партијата на Таравари се уште нема донесено конечна одлука по ова прашање.