Дали побарал исклучување на фракцијата од ДУИ? Бектеши: Ќе потврдам вечерва во дебатниот магазин

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Случувањата во ДУИ се вжештија уште повеќе кога оваа партија соопшти дека Огнената група се самоисклучила, од каде пак негираа такво нешто. Во меѓувреме состојбата не е подобрена. Дури Меџити во Клик Плус пред неколку дена рече дека министерот за економија Крешник Бектеши побарал исклучување од партијата на фракцијата и сите нивни истомисленици.

-Барањето на владината фракција, поконкретно на еден министер во раководството, рекол дека треба да се исклучат не само Изет, Блерим, Муса и Невзат туку треба да се исклучат нивните истомисленици. –Кој министер го рекол тоа? Крешник Бектеши!“, рече Меџити.

Побаравме потврда од министерот Бектеши. Тој рече дека за тоа ќе одговори вечерва во емисијата Клик Плус на ТВ21.

-Го потврдив присуството во една тв емисија вечерва, верувам дека ќе има и такви прашања и сите одговори во однос на партиските прашања ќе ги добиете вечерва во емисијата-рече Бектеши.

Инаку уште еден припадник на фракцијата на ДУИ, Висар Ганиу, во едно видео му одговори на министерот Бујар Османи во врска со обвинувањата дека не го известиле претседателот на партијата за соработките на локално ниво.

-Секоја коалицирање или соработка и за секој детаљ од тие коалиции и соработки што ги имаме направено на локално ниво, било во периодот на избори или по избори, сме се консултирале и за се сме го известиле лидерот на партијата, Али Ахмети. Се што имаме направено, сме го направиле со негов “амин“-изјави Ганиу.

Меџити во Клик Плус рече дека очекуваат лидерот на партијата али Ахмети да ги покани на кафе и да им објасни дали и зошто се исклучени од партијата. Според него, фракцијата не се самоисклучила од партијата.