Дали постои селекција при отстранувањето на киосците? – Касами: Ќе продолжи ослободувањето на јавните површини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Тетово отстрани неколку киосци за да ослободи јавни површини.

Но зошто неа отстранети само неколку од нив, а други продолжуваат да работат во тротоарите?

„За секоја акција што ја преземаме може да бидеме обвинети дека сме селективни, но она што можеме да им го гарантираме на граѓаните е дека и во 2024 година ќе го решиме ова прашање. Ќе го решиме на тој начин за да не бидеме обвинети дека им штетиме на бизнисите и се што има врска со јавниот простор, ќе продолжиме да го ослободуваме и да ги прилагодуваме јавните простори во служба на сите граѓани“, вели Биљал Касами.

Касами вели дека отстранувањето на киосците е направени бидејќи тие не ги решиле прашањата со општината.

„Со отстранувањето на киосците имавме многу критики дека им штетиме на бизнисите, дека им ја одземаме егзистенцијата и слично. Продолживме да ги ослободуваме јавните површини во делот на киосците со кои не сме имале никаква формална врска. Тие продолжија да ги користат, продолжија да земаат кирија за нив и не ги решиле прашањата со општината како сопственик на јавните површини и како управител на јавен имот“, додаде Биљал Касами.

Инаку, опозицијата обвини дека општина Тетово наместо да го тргне крстот на Попова Шапка, кој беше поставен без дозвола, селективно ги оштетува бизнисите.