Дали потрошувачот ги чувствува мерките на Владата? – Граѓаните не се задоволни од намалувањето на цените на храната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата одлучи да ги намали цените на основните производи како брашното, лебот, месото, овошјето и зеленчукот како и соковите за најмалку 10%.

Додека потрошувачката кошничка за четиричлено семејство во последните 6 месеци од 48.000 денари се помести на нешто повеќе од 50.000 денари.

Со мерки како „гарантирана цена“ Владата тврди дека им помага на граѓаните полесно да се снајдат, но колку реално ова го чувствува потрошувачот?

Некои од нив со кои разговаравме велат дека не можат да опстанат со платите што ги имаат, споредено со цените на производите.

Од друга страна, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Северна Македонија има најголема листа на производи со повластена стапка на ДДВ од 5 проценти во регионот.

Тој потсети и дека нема да дозволат некој да има корист на сметка на општото добро во време на криза. Од оваа причина, Владата презеде мерки за спречување на негативните тенденции на пазарот.