Дали претседателот Пендаровски е задоволен од владеењето на правото во нашата држава?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на државата Стево Пендаровски вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, по прашање во врска со тоа дали е задоволен од владеењето на правото, само кратко истакна „Не“.

Пендаровски во продолжение даде и објаснување зошто е тоа така.

„Бев носител на прва изборна единица, и зборував цело време дека нема правда нема мир, и тоа беше главниот слога на таа Шарена револуција. Но ние ги разочаравме тие луѓе. И треба да ја преземе одговорноста. Разговарав и со министерот Маричиќ и со вицепремиерот Николовски, и им велам дека во изминатите 30 години супер инфлација од документи. Но ни треба практична имплементација. Тврдам со години, дека не сме на ова дереџе не затоа што немаме добри закони, туку затоа што законот за за некого важи, за некого воопшто не важи. Тоа е нашиот проблем“, објасни Пендаровски.