Дали САД не го прифаќаат Фрчковски за амбасадор? Одговара Бујар Османи во „Click Plus“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дали САД не го прифаќаат професорот Љубомир Фрчковски за амбасадор во Вашингтон? На ова прашање, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој вели дека името на професорот Фрчковски дека е кандидат и информациите дека се повлекува биле од медиумите.

„Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори се до потврдување на агреманот се во дискреција и се класифицирани податоци“, вели Османи.

Тој потенцираше дека се додека Министерството за надворешни работи не потврди одредена кандидатура за назначување на амбасадор не треба да се земе како официјална вест.