Дали само Македонија како што се тврди или и Бугарија го прекршува договорот за добрососедство?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше за разликите меѓу Северна Македониај и Бугарија, и што е клучно за наоѓање за решение на разликите.

Околу тоа дали и Бугарија го прекршува договорот за добрососедтво, Османи одговори:

„Јас не сакам никого да обвинувам“, рече Османи.

ТВ21: Но, се создава мислење дека само нашата држава не го почитува договорот.

„Во договорот јасно е предвидено, членот 2 вели дека Бугарија ќе го поддржи учеството на Македонија во евроатлантските ингеграции.

Членот 8 вели историската комисија врз основа на факти ќе ги дефинира фактите од заедничката историја. Зборува за претензиите кон внатрешните прашања кон Бугарија.

Јас мислам дека кога се потпиша договорот, бевме многу свесни за принципите, дека појдовме од почетната точка, дека академски пристапуваме на разликите, кои постојат. Не можеме да ги криеме, затоа што постојат. Ако ги криеме, ќе излезат во поинаква форма некогаш.

Комисијата е тој вентил кој го спласнува притисокот кој ги наметнува разликите во историјата. И двете страни во последниот период, од објективни причини пандемија, избори различни влијание, доведоа да ја изгувиме основната цел за договорот“, рече Османи, и додаде:

„Како поминува времето, сфаќаме дека решението е договорот. Не можеме да ја смениме географијата, ќе мора да живееме заедно, ќе имаме разлики во мислења, но не смееме да имаме разлики по прашањето за иднината. А таа е ЕУ, НАТО“, изјави Османи.

Повеќе низ следното видео: