Учениците Албанци од општина Чашка од прво до петто одделение по два месеци ќе можат да го користат новото училиште „Дитуриа“. Ова го соопшти министерката за образование, Весна Јаневска. Изјави дека јавниот повик е затворен и сега се разгледуваат апликациите. Најави дека за ова училиште се издвоени 6,5 милиони денари, додека исплатата ќе се врши во зависност од тоа како ќе се изведуваат работите.
Во полоша состојба моментално се наоѓаат 10 ученици од прво и второ одделение, бидејќи тие се уште не почнале со настава. Училиштето Дитуриа која е во постапка на подготвување се уште не е готово, а во основното училиште „Тодор Јанев“ не им е дозволено да следат настава на албански јазик, туку само на македонски. Тие се обврзани настава да одржуваат во просториите на џамијата во село Бањица. Оваа простории се адаптираат на условите и се очекува да биде готови за околу 2 недели.
А со цел сите ученици од прво до девето одделение да учат на мајчин јазик, за следната година МОН треба да гради целосно ново училиште.
Вака вчера најави градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски.
Инаку во декември минатат година, родителите на учениците Македонци протестираа пред основното училиште „Тодор Јанев“, при што не им дозволија на наставниците да влезат во училишниот објект. Тоа го дозволуваа само доколку учениците Албанци следеа настава на македонски јазик, а не на нивниот мајчин јазик. Фактички тоа и го прават учениците Албанци од трето до девето одделение.
