Ова е 3Д проектот за улицата „Борис Кидрич“ кој пред 5 месеци го најави општина Тетово. Но, денес тендерот се уште не е отворен и поради ова работите не се до никаде.
-Проектот е при крај и е во тек, од вчера ми потврдија дека е готов и следната недела треба да дојде во нашиот сектор и следната недела веднаш да се обратиме до секторот финансии, поточно секторот за објавување тендери-вели Мемет Јонузи.
Но, градоначалникот на општина Тетово Биљал Касами пред пет месеци изјави дека се очекува овој проект да биде завршен до крајот на оваа година.
-Бидејќи се отворени многу работи, не може да се гарантира дека ќе биде завршен пред летото, а тоа ќе зависи од динамиката на формално-правните процедури, а потоа на изведувачот ќе му биде одредено колку време ќе му треба за реализација. Но, верувам дека во текот на годината оваа улица ќе се среди и ќе добие нов изглед-изјави Биљал Касами.
Денеска бевме на улицата „Борис Кидрич“ да ги прашаме граѓаните за оваа улица.
-Да, се мора да се поправи, нема нешто што не треба да се поправи. Се надеваме, се надеваме дека тоа ќе се направи наскоро.
Инаку, во текот на летото беше асфалтиран само дел од оваа сообраќајница, од кружниот тек до крстосницата со булеварот Видео Смилевски Бато, до автобуската станица во Тетово.
