Дали Шилегов го смени Скопје? Не одговори дали повторно ќе се кандидира за градоначалник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Петре Шилегов на дебатната емисија Клик плус не одговари директоно дали ќе се кандидира повторно за градоначалник на Град Скопје. Вели дека прашањето е релевантно. Додава дека го сменил градот и гледа разлика во начинот на поквалитетно управување со градот.

„Ја имам таа чест или обврска, за мене лично е и голем, сериозен товар бидејќи довербата која си ја добил не е мала работа, 140.000 луѓе гласаа за Петре Шилегов и рекоа на овој човек треба да му се даде можност да го води градот“, рече Шилегов.

Шилегов останува на идејата на изградба на тунелот од под Кале до Чаир.

„Ќе го распишеме повторно тендерот за изработка на проект. Ние имавме тендер, потпишавме договор за реализирање, но за жал партнерот којшто го доби тендерот излезе дека е не сериозен и го раскинавме договорот, ја наплативме банкарската гаранција“, вели Шилегов.

Тој го промовираше новиот систем на јавен превоз ќе овозможи на секои 3,5 минути да има возило на постојка.

„Движењето на возилата ќе биде специјална за нив, без мешање на останатиот собраќај. Тој е систем што ќе овозможи на секој 3,5 минути да имате на автобуските станици возило. Оперативната брзина му е околку 22км на час“, рече градоначалникот на Скопје.

Првиот човек на Град Скопје посочи дека се откажал од прокетот трамвај во Скопје затоа што тоа би чинело 280 милиони евра. Тој исто така истакна дека две од трите галии кои се сместени на реката Вардар ќе бидат отстранети.