Дали Спасовски ќе го напушти МВР? – Доколку се постигне договор, Мицкоски ќе го побара ресорот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се уште не размислувал дали ќе остане или не министер во Влада во која ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ. Додаде дека поважно е земјата да чекори кон ЕУ.

Шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од вториот ден од лидерската средба фрли око на фотелјата на Спасовски. Тој во интервју за „Сител“ изјави дека првото министерство што ќе бараат да го преземат ќе биде МВР, со цел следните избори да бидат успешни.

Од друга страна разговорите за договор тапкаат во место од лидерската средба. ВМРО-ДПМНЕ инсистира СДСМ да прифати еден од двата предлози во спротивно немаат веќе за што да преговараат.

Во меѓувреме, СДСМ бара дијалогот да продолжи, но без конкретно да одговорат дали некој предлог е прифатлив за нив.

И премиерот Ковачески, но и ДУИ потврдија дека се подготвени да се откажат од премиерската функција, доколку тоа го побара ВМРО-ДПМНЕ, во замена за уставни измени.