Вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 гостуваше градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи.
На прашање од модераторот за тоа дали ќе се кандидира за трет мандат на локалните избори кои што треба да се одржат наесен, таа истакна дека за тоа ќе одлучат структурите на ДУИ.
„ДУИ има свои политики за мерење на анализите што треба да се направат. Партијата одлучува за кандидатот. Партијата прави свои мерења. Ние на избори излегуваме според тие мерења. Ако партијата процени дека најдобар кандидат за Тетово сум јас, тогаш ќе бидам јас, ако проценката е поинаква, тогаш ќе биде поинаку“, посочи Арифи.
