Дали Владата размислува законот за еколошката такса да го предложи до Собранието со европско знаменце?
На ова прашање, министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека таа опција се разгледува.
„Правниците од таа област што ја знаат таа проблематика ќе оценат кој е најсоодветниот начин да биде ефективна, во Собрание да може да се дискутира и во одреден момент тие закони да може да се донесат“, вели Бесими.
