Кина го подигна нивото на подготвеност поради тајфунот Бави кој се приближува кон брегот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кинеските провинции Џеџијанг и Фуџијен го подигнаа нивото на подготвеност за одбрана од тајфуни на втор степен поради приближувањето на деветтиот тајфун оваа година, наречен Бави, чиј удар се очекува на југоисточниот брег на Кина, соопштија денеска локалните власти.

Според податоците на Метеоролошката опсерваторија на Џеџијанг, тајфунот Бави денеска во 11 часот по локално време се наоѓал над морето, на околу 1.016 километри југоисточно од градот Венџоу, со ветрови со сила на тајфун во неговиот центар, пренесува кинеската новинска агенција Синхуа.

Властите во провинцијата Џеџијанг презедоа низа превентивни мерки со цел да се намали ризикот од човечки жртви и материјална штета.