На листата на платформата “За татковината со љубов” со експерти од економијата кои бесплатно ќе ја советуваат владата, има и такви кои секогаш без ….зборувале за економските политики, како Горан Рафајловски, Висар Адеми и Благица Петревски.
Но дали сега ќе ја ограничи нивната слобода на изразување овој бесплатен ангажман во кабинетот на вицепремиерот за економски прашања. Економистот Благица Петрески вели дека уште од почеток се согласувала со вицепремиерот дека критичкото мислење е клучно за нивната одржливост, затоа нема да дозволи никакво влијание врз нејзиното мислење.
Петрески смета дека нивниот интегритеткако професори не треба да се доведува во прашање а вели дека освен што нема да бидат платени за советите што ќе ги даваат, исто така не потпишале никаков договор за соработка со Владата.
Нејзинот колега, економистот, Висар Адеми, исто така тврди дека се договориле со вицепремиерот дека овој ангажман нема да биде за да се носат владини политики.
Тој додаде дека повторно ќе размисли за овој ангажман поради тоа што се зборуваше дека и поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски и Кирли Миновски, ќе бидат дела од платформата.
„Јас имав договор со Фатмир (бидејќи станува збор за неплатен ангажман) дека немам никаква одговорност за да штитам некаква владина политика. На крајот ова е само советодавно тело а не одлучувачко. Откако видов некои од ДПМНЕ сега мислам сериозно за понатмошниот ангажман.“, рече Висар Адеми.
Пратеничката на опозициската Алијанса за Албанците, Илире Даути, на платформата „За татковината со љубов“ гледа како недостиг на идеи и визии во Влада за да се соочат со економската криза.
„Ова Влада не само во економија, туку потфрли во сите области. Затоа, освен рехабилитацијата на неколку ликови од режимот на Груевски, сметаам дека ова иницијатива е само следен обид за да се скријат нивните неуспеси и за да се амортизираат критиките.“, вели Илире Даути, пратеничка од Алијанса за Албанците.
По шпекулациите за можен ангажман на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, конечниот список го објави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, а таму не фигурираат имињата на Пешевски и Миновски. Вкупно се 22 познавачи на областа, а Битиќи тврди дека тимот ќе се менува зависно темата.
