Дали во Македонија има финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот? На ова прашање во ЕУ КЛИК вечерва одговори професорот Гадаф Реџепи.
-Моментално, Македонија има добра макроекономска дестабилизација. Моментално имаме економски шок но не и финансиска криза, тоа е многу важно. Кога имате и финансиска и економска криза тогаш е многу тешко и откако ќе помине таа криза за да се закрепне економијата. Моментално имаме економски шок, кој влијае во економијата, но добро е што имаме добра макроекономска стабилност, инфлацијата е многу добро контролирана, моментално е 0,6 во март, беше предвидено да биде 1,5%. . . не повеќе отколку што беше проектирано. Тоа е нешто многу позитивно. Девизните резерви се многу повисоки отколку што беа во 2008 година. Од 2008 година Централната банка беше многу порестриктивна во неколку чекори за зачувување на макроекономската стабилност, научена по искуството од 2008 година. Сега економијата или макроекономската стабилност е двојно подобро отколку во 2008-2009 година. Но, колку и да изгледа ова оптимистички, тоа зависи колку ќе трае економската криза. Доколку бизнисот почне да не генерира приходи и плати, тогаш е полека почнува да стане голем товар за државата.-рече Реџепи.
