Дали за празниците ќе се затворат границите? Одговара министерот Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Србија од 20-ти декември воведува нови мерки, со кои за сите странски државјани при влез во Србија ќе биде задолжително приложивањето на негативен PCR тест.

И Македонија веќе подготви нови мерки, кои утре ќе треба да бидат потврдени на Владина седница.

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва во интервју за Сител ТВ, во однос на угостителските објекти рече дека постои висок ризик кај нив од пренесување на вирусот.

По мерката на Србија, дали и Македонија планира затворање на границите или пак воведување на PCR тест, Филипче рече дека за сега нема такви планови за затворање на граничните премини или воведување тест со соседите.

Моментално без PCR може да се патува во Србија и Косово, а за Бугарија е потребен негативен PCR тест, додека пак со Грција целосно се затворени граничните премини.