Дали народниот правобранител Насер Зибери е идниот прв премиер Албанец на земјава?
На ова прашање во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 ни одговори токму Зибери.
„Да, јас бев кандидат за прв премиер Албанец. Изборите завршија, резултатот од преговорите за составување на парламентарно мнозинство и коалиција се познати така да, останува периодот за кој е договорено да биде именуван првиот премиер Албанец“, вели Зибери.
На ова модераторот посочи дека логично е тоа да биде Зибери, а тој додаде „Некако“.
Зибери посочи дека доколку застане на чело на Владата, ќе има нов народен правобранител.
Сепак Зибери се уште не одлучил дали ќе застане на ова место, а за истото имаат разговарано со лидерот на ДУИ, Али Ахмети по што се договориле кога ќе дојде тој период да видат што е најдобро за граѓаните.
