Дали знаете каде се наоѓа најдолгиот мост во Европската Унија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дали знаете колку е долг и каде се наоѓа најдолгиот мост во Европската Унија?

Vasco da Gama е името на најдолгиот мост во Европската унија (и втор по должина на европскиот континент по Кримскиот мост) кој се протега на вкупно 17,2 километри.

Изграден е во Лисабон преку широката река Тахо, а го носи името на познат португалски истражувач и навигатор. Главниот дел од мостот се протега на 829 метри, остатокот од должината вклучува вијадукт и пристапни патишта.

Мостот има шест ленти, и бил изграден за три години.

Тој е отворен за јавноста на 29 март 1998 година во времето на Експо и се смета за чудо во градежништвото.

Направен е за да издржи ветрови со брзина до 250 километри на час, но и силни земјотреси.

Ограничувањата на брзината на мостот се 100 до 120 километри на час, но кога врне, брзината паѓа на 90 км на час.