Дали знаевте дека цело време погрешно ги цедите тестенините?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тестенините лесно се подготвуваат и често се јадат, но многумина не знаеле како правилно да ги исцедат.

Најчестиот метод е да истурите вода од тенџере во цедалка во мијалникот и да послужите со сос што го одбравте, но сега корисниците на социјалните мрежи открија сосема нов начин кој воодушеви многумина.

Каролина Меклеј сподели видео на својот профил на TikTok со наслов: „Како да ги исцедите тестенините без да се изгорите или да направите неред“.

Во видеото, Каролина ја споредува вообичаената техника со нејзиниот метод на цедење и објаснува дека иако повеќето луѓе го фрлаат тестото од тенџерето директно во цедалката во мијалникот, ние всушност треба да ја ставиме цедалката преку тестото и да ги превртиме двата сада во исто време за да се исцеди водата и да остане тестото.

„Држете ја цедалката одозгора, а водата истурете ја во мијалникот – исцедете ги тестенините без неред“, објаснува таа во видеото, додавајќи дека овој едноставен начин на цедење на тестенините не само што е поефикасен, туку и побезбеден.

Многу корисници на TikTok побрзаа да коментираат дека авторката на видеото „им ги отворила очите“, а некои напишаа дека едвај чекаат да го пробаат нејзиниот совет, пренесува Zaphetna.rs.