Професорката Лена Дамовска во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека на нашите деца им се нуди слабо образование.
„За креирање на една нова концепција на образование во Македонија, меѓудругото е постигнувањето на нашите деца коишто со години наназад се исклучително слаби, односно на дното на табелата дури и регионално кога ги споредуваме, да не зборувам за другите земји во Европа“, истакна Дамовска.
Таа вели дека очигледен е фокусот или педагошкиот дискурс треба да се промени и да се фокусираме на тоа како учат нашите деца.
„Целиот дискурс во примената на педагошките стратегии треба да биде променет во давање можност на децата да ги стекнуваат знаењата на активен начин“, додава Дамовска.
