Околу 200 лица, меѓу кои и деца, биле спасени од морето кај Омиш, Хрватска, откако поради големиот пожар што го зафатил крајбрежјето биле принудени да побараат засолниште во морето и на чамци.
Спасувачката операција започнала синоќа околу 23:40 часот, откако било пријавено дека голем број луѓе се наоѓаат во морето и на чамци без надзор, обидувајќи се да се заштитат од огнената стихија.
Акцијата ја координирал Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море во Риека, во соработка со Капетанијата на пристаништето во Сплит. Во спасувањето биле вклучени чамци од Сплит, Макарска, Милна и Хвар, два полициски брода, брзиот чамец „Модрољ“ на Хрватската крајбрежна стража, како и пловило на Царинската управа. Помош пружиле и припадници на Хрватската планинска служба за спасување, граѓани и приватна компанија со патнички чамец.
Во меѓувреме, состојбата на пожарот кај Локва Рогозница и Омиш утрово е подобрена. Началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ изјавил дека огнот повеќе не се шири.
Според првичните процени, пожарот зафатил околу 900 хектари трева, ниска вегетација и борова шума. На терен се ангажирани околу 210 пожарникари со 61 возило, а во гаснењето учествуваат и екипи од повеќе хрватски жупании.
Пожарот предизвикал и голем број повредени. Во Клиничкиот центар во Сплит медицинска помош побарале 36 лица, од кои 14 биле задржани во болница. Седум пациенти се наоѓаат на интензивна нега и според досегашните информации се во животна опасност. Повеќе од 2.000 лица биле евакуирани од загрозените подрачја.
U evakuaciji oko 150 ljudi kod Omiša, uz brodice Lučke kapetanije i policije, sudjelovali su i članovi HGSS-a s gumenjakom. 🚤
Na terenu je 20 članova HGSS Stanice Split. Posebno ističemo požrtvovnost vatrogasaca 🚒 i izvrsnu suradnju svih žurnih službi. pic.twitter.com/2FHSu8jJ2m
— Hrvatska GSS (@HrvatskaGSS) August 14, 2026
