Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија успешно ја заврши постапката за вработување на пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари, на кои им се дадени соодветните решенија за вработување, објави Клиниката на својата Фејсбук страница.
Како што беше наведено, ова засилување на персоналот претставува важен придонес за понатамошно унапредување на организациските и професионалните капацитети на Клиниката, со цел да се обезбеди континуирана, ефикасна и квалитетна здравствена заштита за пациентите.
„Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија останува силно посветена на зајакнување на човечките ресурси, подобрување на здравствените услуги и одржување на високи професионални стандарди во третманот и грижата за пациентите“, се наведува во соопштението.
