Даниела Алексовска ја совлада Гркинката Хаѕопулу на ФНЦ 34 во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Даниела Алексовска со победа го одбележа настапот на ФНЦ 34 во Скопје, откако по три рунди ја совлада грчката борачка Мина Хаѕопулу со субмисија на големиот ММА настан во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Алексовска, која беше прогласена за Млада спортистка на Македонија за 2025 година, настапи со сериозни резултати зад себе. Таа е освојувачка на бронзен медал од Светското ММА првенство во Тбилиси во 2025 година, а воедно стигна и до полуфиналето на Светското првенство во Ташкент во 2024 година.

Македонската борачка уште еднаш го потврди својот потенцијал во борбата против Хаѕопулу. Во текот на мечот успеа да ја собори противничката на подот, по што следуваа десет удари во низа во пределот на главата. Гркинката ги крена рацете, а судиите ја прекинаа борбата, со што победата ѝ припадна на Алексовска.

Со шест победи од вкупно девет борби остварени со субмисија, Алексовска се вбројува меѓу перспективните женски ММА борци во регионот.