Околку 1000 граѓани од Скопје се дел од истражувањето на Министерството за здравство за тоа колку антитела развиле против Ковид-19. Тенденцијата е истражувањето да се прошири и во други градови низ Македонија. Скринингот се одвива неколку локации низ Скопје, без претходна најава и се врши со цел единиците да се по случаен избор.
„Денешната акција е продолжување на истражувањењто од претходната година кое го направивме пред започнувањето на имунизацијата со цел да утврдиме колку граѓани имаат антитела против Ковид 19. Лани околу 30% имаа антитела. Една година потоа правиме повторно иста акција со цел да дознаеме колку граѓани имаат антитела без разлика дали се вакцинирале или прележале“, истакна д-р Горјан Милановски.
Откако ќе се споредат податоците од скринингот кој се правеше пред имунизацијата и сега ќе се донесе заклучок дали имаме колективен имунитет против Ковид-19.
-Сте се вакцинирале ? Да, со две дози. Да видам антителата до кај ми се, треба да примам трета доза.
-Две кинески и трета Фајзер.Сте го прележале вирусот? Не.
Да видам како ефектот од вакцините, дали имам антитела, дали има ефект од вакцините.
-Со Фајзер и добра сум сега сакам да си испитам антитела.
Доктор Даниловски е скептичен за резултатите од скринингот, бидејќи не се проведува пропорционални и систематски.
„Не може по случаен избор да се собираат граѓани. Постои нешто што се вика вкупна популација во државата, поделена е на територијални единици. Скопје е најголема, но им аи други населени места сите имаат разлилна големина и треба пропорционално да се собере одрреден број граѓани за тестирање од секоја од тие територијални единици. Вака ова ѓутуре се вели народски, како кога се прават анкети за плитички и разно разни работи.Аматери“, вели д-р Драган Даниловски.
Околу 40% од граѓаните на земјава се вакцинирале до сега. Овој процент не е доволен за крај на пандемијата, а според последните измени за целосно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле три дози на вакцина.
