Данска денеска соопшти дека Гренланд не е на продажба, и истакна дека тоа го „мисли сериозно“, откако државниот секретар на САД Марко Рубио, изјави дека интересот на претседателот Трамп за купување на островот „не е шега“.
Трамп вели дека ќе ја направи автономната територија на Данска дел од Соединетите Држави и не ја отфрли можноста за користење воена или економска моќ за да ја убеди Данска да ја предаде.
Рубио претходно кажа дека реземањето на Гренланд е во националниот интерес на САД, не исклучувајќи ја можноста за воена принуда за да се постигне тоа.
„Ова не е шега“, рече Рубио. „Ова не е за стекнување земјиште заради стекнување земјиште. Ова е наш национален интерес и треба да се реши“, рече тој.
Одговарајќи на неговото интервју, данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен рече: „Ќе бев поизненаден ако речеше дека тоа е шега“.
„Ние сериозно мислиме – а тоа важи и за Гренланд. Гренланд не е на продажба“, рече Расмусен.
