Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Шпанската фудбалска федерација со 20.000 долари и нареди делумно затворање на стадионот за следниот пријателски натпревар, откако навивачите во два наврати извикувале исламофобични пароли за време на натпреварот против Египет во март годинава.
Санкциите се однесуваат на инцидентите за време на подготвителниот натпревар за Светското првенство, одигран на стадионот на Еспањол, кој заврши без голови.
Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал, кој е муслиман, ги осуди скандирањата, оценувајќи ги како навредливи и неприфатливи. Тој ги нарече одговорните за нив „неуки и расисти“.
Шпанската полиција уште следниот ден започнала истрага против инволвираните, додека ФИФА подоцна покренала дисциплинска постапка против Шпанската фудбалска федерација.
