Данска: Присуството на американска делегација на Гренланд е неприфатлив притисок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Соединетите Американски Држави вршат неприфатлив притисок врз Гренланд, изјави утринава за ТВ2 данската премиерка Мете Фредериксен, пред посетата на висока американска делегација на полуавтономната данска територија оваа недела.

Посетата на американската делегација, која ќе трае од четврток до сабота, ќе ја предводи Уша Венс, сопруга на потпретседателот Џеј-Ди Венс, заедно со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, и секретарот за енергија Крис Рајт.

„Морам да кажам дека притисокот што се врши врз Гренланд и Данска во оваа ситуација е неприфатлив. И тоа е притисок на кој ќе се спротивставиме“, изјави Фредериксен за ТВ2.